Сирискиот претседател го поздрави историската нуклеарен договор, потпишан меѓу Иран и шестте светски сили, велејќи дека Дамаск е “сосема сигурен” дека Техеран ќе продолжи со поддршката за неговиот режим.

ASAD

Во вторникот попладне (14-ти јули) Башар Асад испрати одделни писма до иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи и претседателот Хасан Рухани, честитајќи му на Техеран за договорот, и го нарекува “историско достигнување”.

“Ние сме сигурни дека Исламската Република Иран ќе продолжи со поголема брзина, да ги поддржува луѓето и да работи за мирот и стабилноста да надвладеат во регионот и светот”, вели Асад во соопштението до Хамнеи, цитирано од државната новинска агенција SANA часови по објавувањето на договорот во Виена.

Коментарите на сирискиот претседател служат за појдовна точка во поддршката на Иран за своите сојузници, вклучувајќи го и Дамаск, за кои според информациите ја има зголемува двојно поддршката во последниве месеци. Само минатата недела Иран додели дополнителни средства за владата во Дамаск во износ од 1 милијарда долари.

Се појавија извештаи дека вработени од иранската Револуционерна гарда играат се поголема улога во координирањето на воените напори на режимот, особено во регионот на Хама – Идлиб – Латакија, како и во предградието на Дамаск.

На крајот на мај, командантот на силите “Ал Кудс”, генерал Касим Сулејмани,ја обиколи областа Латакија на фронтот со сириските бунтовници и вети дека “светот ќе биде изненаден од она што ние и сириско воено лидерство го подготвуваме за следните денови”.

неколку дена подоцна, AFP цитираше неименуван сириски извор за безбедност, кој изјави дека “околу 7.000 ирански и ирачки борци пристигнаа во Сирија во текот на последните неколку недели”. Оваа информација се појави и во либанскиот весник “Ас Сафир”.

Коментаторите во регионот очекуваат дека нуклеарниот договор ќе го зголеми финансискиот капацитет на Иран да ги поддржува регионалните сојузници, вклучувајќи и Хезболах во Либан и Асад во Сирија.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го утврди договорот како “историска грешка”. Претседателот на САД Барак Обама вети дека ќе стави вето на секој обид на Конгресот да го блокира нуклеарниот договорот.

Слични содржини