Истражување: Странските работници ја напреднале Германија

од desk3

Резултатите од најновото истражување на агенцијата “Moving” покажуваат дека мигрнтите придонесуваат за економскиот раст и просперитет на Германија, посебно оние со високо стручно образование.

Агеницјата наведува дека во 2016 година државните приходи биле поголеми од расходите веќе трета година по ред, додека пак бруто домашниот производ (БДП) останал стабилен, а јавната потрошувачка пораснала за 4,2 посто.

Според резултатите од истражувањето, во кое биле анализирани 16 сојузни држави, покраините со висок број на странски работници имале понизок степен на незсапосленост.

Се нагласува дека културната разноликост на Германија исто така е еден од факторите кој придонесува за економскиот раст на земјата.

Слични содржини