Иванов под огромен притисок од една партија да не му го дава мандатот на Заев

од desk2

Kaбинетот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов денеска претпладне треба да договорат термин во кој раководството на социјалдемократите ќе му ги предаде доказите на шефот на државата дека е обезбедено парламентарно мнозинство за поддршка на нова влада.

ivanov

Според извори на Дојче веле, Иванов бил под огромен притисок на една политичка партија да не го дава мандатот, а му биле сугерирани неколку опции како да го стори тоа. Од друга страна, експертите по уставно право потенцираат дека по ова прашање претседателот нема никаков маневарски простор.

„Давањето на мандатот за состав на влада е техничко прашање и претседателот на државата е должен да го даде на партија или партии што имаат обезбедено парламентарно мнозинство од 61 пратенички мандат. Претседателот со ништо не смее да го условува доделувањето на мандатот и мора да го даде мандатот ако не сака да има проблеми“, вели професорот по уставно право, Светомир Шкариќ.

Но, проблеми веќе најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Еден ден пред денешното конечно изјаснување на ДУИ дали ќе коалицира со СДСМ или ќе даде поддршка за малцинска влада – а ќе остане во опозиција, Груевски преку канонада од изјави преку Фејсбук и ТВ „Сител“ обвини дека државата е нападната и дека само народот е тој што може да ја одбрани. Притоа изрази уверување дека „народот ќе дејствува и дека нема да се согласи со она што му се подготвува“.

Слични содржини