Ивона до Хан да го дисциплинираат СЈО, Пировска до Ивона- ти не си кредибилна !

од Vladimir Zorba

„Европската унија да повнимава на Специјаното јавно обвинителство, кое што работи по политичка агенда на СДСМ и фондацијата СОРОС, откако Заев  јавно ја објави неговата листа непријатели, по која СЈО почна да води хајките против една политичка опција и против медиуми кои не се под контрола на опозицијата“, ова на утринската средба на еврокомесарот Хан со граѓански претставници го побарала Ивона Талеска во име на нивната  новинарска организација МАН, барајќи од комесарот да го дисциплинира СЈО.

cuta4aeweaaun6v

На овој став на Талеска реагирала Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Таа своето спротивставување го образложува вака:

„Личноста не е кредибилна да зборува за СЈО и професионалноста на Катица Јанева затоа што и таа (алудирајќи на Ивона Талеска) е дел од разговорите кои беа објавени од опозицијата, во кои е индикативен делот во однос на изборите, што се надевам еден ден дека ќе биде дел од постапките што ќе ги води СЈО“, потенцирала Уранија.

Хан денеска е на средби и со тимот на СЈО и со партиските лидери. Неговата посета тој рано изутрината ја започна со средба со претсавници на граќанските и медиумски организации.

Граѓанските организации на средбата со еврокомесарот  Хан, ги изложиле своите ставови во однос на тоа како треба да се реши политичката криза.johanes-han

Претставниците на невладиниот сектор соопштија дека е неопходно да се формира независно судско одделение што ќе работи на процесирање на случаите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), но за тоа да биде изводливо, тие сметаат дека е потребно целосно да се распушти Судскиот совет и повторно да се реизбере за да се обезбеди непристрасност.

На средбата, исто така, била побарана подиректна комуникација на ЕУ, односно избегнување на еуфемизмите и директно лоцирање на одговорноста.

Граѓанските организации побарале во текот на следните преговори, доколку ги има во иднина, да бидат вклучени и тие, но не директно, како што тоа беше пренесувано во одредени медиуми, туку во процесот на надгледување, договарање и на евалуирање.

Еврокомесарот Хан на средбата ги повторил вчерашните препораки дека изборите во декември, за кои, како што рече, се исполнети условите за одржување, се добар чекор, но и дека се само почеток на процесот на решавање на кризата.

Хан порача дека е неопходно да се спроведат и реформските приоритети за да може земјата да се врати на европскиот колосек.

Еврокомесарот им се заблагодари на претставниците на граѓанските организации за нивниот придонес

Слични содржини