Избрани нови судии

од desk2

Судскиот совет на денешната седница избра судии и претседатели на судови за основните, апелационите и Врховниот суд.

На седницата беа избрани претседатели на основните судови во Ресен, Емел Кранли Али, која беше едногласно избрана, Снежана Манев исто така едногласно е избрана за нов претседател на Основниот суд Куманово, Хацан Аасан е претседател на Основниот суд Тетово, додека за дебарскиот Основен суд не беше избран претседател.

Наке Георгиев е избран за нов претседател на Апелациониот суд Штип, а Александар Камбовски едногласно беше избран за судија во битолска Апелација.

За скопскиот Апелационен суд се пријавиле рекордни 73 кандидати, од кои еден не ги исполнувал условите.

Тања Милева е избрана за кривична материја, а Зоран Герасимовски од Судот во Тетово и Мелеб Алија Елези се избрано за скопска Апелација за граѓанска материја.

Апелационен суд Скопје бараше двајца судии од кривична материја и двајца од граѓанска материја, но беа избрани само тројца, односно не беше избран судија кривичар од редот на заедниците.

Африм Фидани од листата на заедниците со 12 „за“ и еден глас „ против“ беше избран за судија на Врховниот суд.

Меѓу имињата на кадидатите можеше да се забележи и името на судијката Татјана Михајлова, која повлече две од нејзините кандидатури за Основниот суд во Ресен и за Апелациониот во Битола, но остана за скопска Апелација. Михајлова во јавноста стана позната по случаите на Специјалното јавно обвинителство, а меѓу другото на обвинителките Катица Јанева и Фатиме Фетаи им пресуди казна од по 2.000 евра поради непочитување на Судот. Таа во еден период беше функцијата вршител на должност претседател на Основниот суд Скопје 1, но се повлече без објаснување.

Слични содржини