Изречени условни казни за нападот врз Амбасадата на САД во Белград- Несватливо е се тоа !

од Vladimir Zorba

  – Вишиот суд во Белград денеска им изрече условни казни на четворица обвинети за опожарувањето на американската Амбасада во Србија во 2008 година, додека тројца други се ослободени од обвинението поради недостиг на докази.

На седумината обвинети им се судеше за „предизвикување опасност по животите на луѓето и имотот“, бидејќи во февруари 2008 година по митингот под мотото „Косово е Србија“, организирано дошле пред тогашната Амбасада на САД во центарот на Белград и ја нападнале зградата со камења, факели и со други предмети, предизвикувајќи пожар.

Четворица од обвинетите се осудени на шест месеци условна казна, додека останатите тројца беа ослободени поради недостиг на докази. Сите обвинети за време на судењето изјавија дека се невини.

Во претходен процес, обвинетите беа осудени на условни казни од 6 до 10 месеци, но Апелацискиот суд во Белград ги поништи пресудите со образлоѓеное дека казните биле „неразбирливи и противречни“.

Според добиените документи од Амбасадата на САД во Вишиот суд, оштетувањето на зградата било проценето на 900.000 долари, но дипломатската мисија не побарала надомест на штета.

Пет српски високи полициски офицери веќе седум месеци се во очекување на покренување обвинение околу одлуката дипломатските мисии да останат незаштитени со повлекување на обезбедувањето, со што овозможиле амбасадите да бидат нападнати и запалени.

На последната средба на американскиот дипломат Хојт Брајан Ји со српскиот претседател Александар Вучиќ беше повторено инсистирањето на САД на решавање на случајот со опоѓаеувањето на Амбасадата на САД во Белград во 2008 година.

Првичната реакција од САД  е дека е просто несватливо како е можно никој да не биде осуден, да нема затворска казна , по 9 годишниот процес за палењето и уништување на амбасадата на САД во Белград во 20о8 година.

 

Слични содржини