Како да го препознаете сексуалното вознемирување во бракот

од Vladimir Zorba

Една од најпознатите непријатни и стресни ситуации во кои можеме да западнеме, е да бидеме повредени од својот/а брачен/на партнер/ка. Сопругот ни е човекот на кого доверуваме сè, вклучувајќи и живот, и кога тој се најде во улогата на злоупотребувачот кон нас, може да се почувствуваме како во безизлезна ситуација.

Многу жени не сфаќаат дека се сексуално малтретирани додека не стане предоцна. Во некои случаи сопругот смета дека го поседува телото на својата сопруга и може да прави со него што ќе посака. Друг проблем е кога тој одбива секс – тоа е исто така форма на сексуално насилство.

Знаците за него можат да бидат како суптилни, така и доволно болни, за да остават видливи траги на телото. По што можеме да го познаеме сексуалното насилство?

Принудени сме да вршиме работи кои не сакаме

Здравиот сексуален живот се случува кога и двајцата возрасни прават нешто за што се согласуваат и го сакаат, поради што се чувствуваат добро. Ако сме принудени да правиме работи кои не сакаме, веќе станува збор за малтретирање. Ова може да вклучува сè – игри со улоги, одредени сексуални активности, облекување на одреден начин – сè што не одобруваме. Принудувањето да имаме секс, кога не сакаме, исто е насилство.

Обвинувани сме за досадниот сексуален живот

Насилниците често ги обвинуваат своите жртви и така жртвата почнува да се сомнева дека го поттикнува насилникот кон малтретирање.

Како сопруга, наша должност е да му угодуваме и да го задоволиме сопруг и ако не можеме, тогаш тој има полно право да не нападне. Ако се чувствуваме на сличен начин, треба да ги отвориме очите и да сфатиме дека тоа е класична форма на малтретирање.

Притисокот, манипулацијата и користењето на вина е исто така сексуално насилство. Одбивањето да се користат контрацептивни методи, како последица на што стануваме поподложни на инфекции и сексуално преносливи болести, исто така не е правилен.

Слични содржини