Канцеларијата на ОН за борба против дрога ја става на црниот список супстанцата која го уби Принс

од desk2

Службата на ОН за борба против дрогата и криминалот најави дека на листата за контрола и следење хемикалиите ќе го вклучии и фентанилот – супстанцата која минатата година доведе до смртта на саканиот рок изведувач Принс.

Фентанилот е опијат, кој е околу 100 пати посилен од морфиум и се прави во домашни услови од две состојки кои веќе се на црната листа на меѓународната служба за борба против дрогата.

Во 2015 година од предозирање од слични синтетички дроги во САД починале над 20 илјади луѓе, соопштува “Ројтерс”. Затоа и на годишната средба на главната комисија за борба против дрогата со седиште во Виена специјализирана служба на ОН овој четврток, донесе одлука да ги стават состојките на листата.

Уписот на хемикалиите на листата значи дека трговијата и пренесувањето преку граница ќе се следи построго и ќе се спречуваат сите сомнителни набавки со цел да нема нелегално производство на фентанил.
Двете состојки се со хемиските називи 4-anilino-N-phenethylpiperidine (ANPP) и N-phenethyl-4-piperidone (NPP), и освен нив на листата ќе се додадат и сродни материи на фентанил наречено бјутирфентанил.

Слични содржини