Карл Билт: Шведска и терористички напади? Што ли пушел Трамп?

од Vladimir Zorba

Американскиот претседател Доналд Трамп за време на собир во Флорида по грешка ја наведе Шведска како една од целите на терористички напади во Европа, што главно наиде на потсмев меѓу Швеѓаните на социјалните мрежи.

– Погледнете што се случи во Германија, погледнете што се случи вчера во Шведска. Шведска, кој би можел да поверува? Тие примија голем број мигранти – изјави Трамп бранејќи ја уредбата за забранет влез во САД на државјани од седум муслимански држави.

Шведскиот весник Афтонбландет на англиски јазик објави вести за случувања од петокот – еден човек примил медицинска помош поради изгореници, предупредување за лавина и шведска полиција во потера по пијан возач.

 Според американски медиуми, дел од Швеѓаните се збунети, а некои му се потсмеваат на Трамп.

Меѓу нив е и поранешниот шеф на шведската дипломатија, Карл Билт кој на Твитер напиша: „Шведска? Терористички напад? Што пушел тој?“

Портпаролката на Трамп засега не даде одговор што мислел американскиот претседател зборувајќи за Шведска.

Портпаролката на шведското МНР Катарина Акселсон изјави дека владата не знае за никакви „случаи поврзани со тероризам“. Шведските специјални сили соопштија дека нема никакви причини за зголемено ниво поради терористичка закана.

Слични содржини