Каталонскиот лидер Пучдемон повикува на смиреност

од desk2

Каталонскиот лидер Карлес Пучдемон повика денеска на смиреност иако останаа помалку од 24 часа до истекот на временскиот рок кој му го даде шпанската Влада да разјасни дали прогласил независност на регионот или не.

Пучдемон на почетокот од минатата седмица симболично прогласи независност, која ја суспендира само неколку секунди подоцна и повика на преговори со Мадрид за иднината на Каталонија.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој, му даде рок на Пучдемон до утре да го појасни својот став и потоа на 19 октомври да го примени своето мислење доколку инсистира на отцепување. Рахој се закани и со суспензија на автономијата на Каталонија, доколку Пучдемон одбере независност.

„Каталонската Влада и јас сакаме да ја повториме нашата посветеност на мирот, цивилизираноста и сериозност но и демократија која е инспирација за одлуките кои ги донесовме“, рече Пучдемон.

Тој не сугерираше на кој начин ќе му одговори на Мадрид, но каталонската телевизија TV3 наведе дека мена да дади ниту позитивен ниту негативен туку многу поширок одговор.

Шпанската влада се закани дека ќе ја преземе контролата над Каталонија ако Пучдемон понуди двосмислен одговор.

„Одговорот мора да биде без никаква двосмисленост. Мора да каже да или не. Доколку даде двосмислен одговор, тоа значи дека сака дијалог и дека шпанските власти мора да реагираат“, рече вчера шпанскиот министер за внатрешни работи Хуан Игнацио Зоидо.

Слични содржини