Катимерини: Атина внимателно ги следи случувањата во Македонија и во Албанија

од Vladimir Zorba

Грција внимателно ги следи случувањата во своите двете соседни земји, односно етнички мотивираните судири во Македонија и политичките промени во Албанија, пишува грчкиот весник Катимерини, пренесува Макфакс

„Македонија се наоѓа во политичка криза уште од декември минатата година, со тоа што националистите се противат на формирањето нова влада, предводена од социјалдемократите и партиите кои ги претставуваат етничките Албанци. Атина, која се наоѓа во спор околу името со соседот уште од 90-тите години, во ситуацијава одбра да се држи на страна имајќи предвид дека националистите ќе сакаат да ги искористат коментарите кои би ги направила Грција“, пишува грчкиот весник.

„Во меѓувреме, Вашингтон во понеделникот, по посетата на американскиот заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Брајан Хојт Ји, му порача на Скопје да ја заврши политичката криза и да дозволи формирање нова влада. Атина, исто така, се надева дека признавањето од страна на Германија на Талат Џафери за претседател на Собранието ќе помогне во намалувањето на тензиите“, додава Катимерини.

„Во поглед на Албанија, пак, грижите на Атина се намалени поради умерените позиции на новиот албански претседател Илир Мета, кој помогна да се воспостават канали на комуникација со грчката влада, по непријателските позиции на премиерот Еди Рама“, коментира грчкиот весник/Макфакс

Слични содржини