Македонија крева ограда на границата со Грција за да се справи со напливот на бегалци и на мигранти кои се насочени кон Централна Европа, јавува грчкиот весник „Катимерини“.

migranti

Советот за безбедност на Македонија викендов оцени дека можно е да се подигне ограда на границата со Грција, доколку не се намали напливот на мигрантите и нареди веднаш да се почнат подготовки на теренот.

„Советот за безбедност истакнува дека поставувањето на оградата не би било во насока на затворање на границата, туку за канализирање и за ограничување на протекот, во согласност со бројот на мигранти што ќе ги прифатат државите во Европа кон кои тие се упатуваат“, стои во соопштението.

УНХЦР: Македонија и Србија со селективен проток на мигранти

Според Христос Гутенудис, градоначалникот на Кукуш, во близина на границата со Македонија тврди дека градежните работи веќе течат.

– Машините веќе почнаа со работа од другата страна на границата – изјави Гутенудис.
Оградата ќе биде поставена спроти малиот град Идомени и брегот на реката Вардар и тоа во должина од 1,5 километар.

Весникот наведува дека македонските власти брзаат да ја постават оградата пред северните земји да ги затворат своите граници. Унгарија и Словенија веќе поставија ограда на границата со Хрватска, додека официјален Загреб се закани дека ќе подигне ограда на границата со Србија.

Грчките медиуми јавуваат дека на границата во вторникот се собрале 4.600 бегалци и мигранти, а во средата пристигнале околу 5.000 лица.

Според податоците на македонското МВР, во последните 24 часа во Македонија влегле 3.458 бегалци и мигранти, од кои 1.638 Сиријци, 860 Авганистанци, 478 Ирчани. Другите се во помал број.

 

META

Слични содржини