Кина ја запира продажбата на возила напојувани со фосилни горива

од Vladimir Zorba

Кина ќе постави краен рок за продажба во земјата на автомобили напојувани од фосилни горива. Така земјата ќе стане најголем пазар, кој ја презел мерката со која ќе се даде нов поттик на пазарот на електрични автомобили, пишува агенцијата “Блумберг”. Кинескиот заменик-министер за индустрија и информатичка технологија Син Гоби изјави дека владата во Пекинг работи по план, кој вклучува и други прописи, за запирање на производството и продажба на слични автомобили.

Мерката ќе има значителен ефект врз животната средина и растот на кинеската автомобилска индустрија, посочи уште Син за време на форум во градот Тијанџин.

Втората најголема економија во светот, која ја презеде обврската да се намалат значително штетните јаглеродни емисии до 2030 година е уште една земја која ќе се откаже од автомобилите со бензин и дизел.

Пред тоа мерката ја поддржаа Франција и Велика Британија. И додека многу производители на електроавтомобили – од “Тесла” на Илон Муск, до “Нисан” и “Џенерал моторс”, се обидуваат да земат удел од пазарот на електроавтомобили во Кина, локалните производители уживаат значителен успех најмногу поради дарежливите владини субвенции.

Во првите седум месеци од годината BYD, која е најголемата кинеска компанија во секторот, е лидер со вкупно 46 855 продадени електрични и plug-in хибридни возила. На второ место е Beijing Electric Vehicle, дел од државната BAIC Motor, која продала 30 084 возила.

Во јули Велика Британија најави дека ќе воведе забрана за продажба на автомобили напојувани со дизел и бензин до 2040 година. Две недели порано Франција најави сличен план, чија цел е да се намали загадувањето на животната средина и да ја исполни заложбата на мировен договор за ограничување на глобалното затоплување со до 2 степени Целзиусови. Во меѓувреме Норвешка и Холандија исто така, планираат да стават крај на автомобилите напојувани од фосилни горива.

Слични содржини