Работните партиски групи за спроведување на договорот од Пржино за надминување на политичката криза во Македонија ноќеска повторно ги усогласуваа точките по новиот  Изборен законик спакуван од преговарачот Питер Ванхојте врз основа на досегашниот тек на преговорите помеѓу работните групи на опозицијата и властаklub_noken

Последните информации се поврзани со несогласувањата околу гласањето на дијаспората. ВМРО ДПМНЕ смета дека треба да остане истиот модел за избор на тројца пратеници, со евентуално зголемување на бројот на гласачките места. СДСМ бара воведување изборен праг за да не се избира пратеник со само неколку стотини гласови. На масата е и предлогот целата дијаспора да гласа како една изборна единица од тројца пратеници. Двете партии продолжуваат меѓусебно да се обвинуваат за непостојани ставови и за одолговлекување на преговорите. Речиси е постигнат целосен договор по прашањата поврзани со пречистувањето на избирачкиот список, со гласањето во ДИК, со одлучувањето по жалби, со исклучувањето на медиумите како донатори на избрна кампања и друго.

До колку се постигне, новата изборна регулатива може денеска  да влезе во собраниска процедура.Но и тоа и неизвесно,  бидејќи извори од преговарачкиот процес велат дека се тоа ќе влезе во пакет со законите за бомби, свикркачите,  гласањето за новиот министер за внатрешни од опозицијата и другите зам. министри и тоа дури на 20 Октомври. Дотогаш ќе трае пазарењето и можеби и враќање и бришење на некои веќе договорени работи.Ќе се преговара и денес и наредите денови тврдат извори за локално.мк.

Рокот за постигнување договор за Изборниот законик истече на 6-ти октомври. . По затворањето на прашањето за избори, работните групи треба да продолжат на други теми  реформа на медиумите и правосудството

Слични содржини