Кој е Марко Зврлевски?

од Vladimir Zorba

Послушник, близок до владејачката гарнитура или професионален гонител на криминалци? Кој ќе биде наследникот на Марко Зврлевски? Премиерот Заев ветува дека идниот Јавен обвинител нема да биде партиски кадар, ниту пак ќе биде близок до партијата на власт, туку ќе се бара од редот на експертите.
Но, засега нема официјално име, а во јавноста веќе се шпекулираат имиња на универзитетски професори, правници и луѓе од фелата.
 Марко Зврлевски е на функцијата Јавен обвинител на РМ од 2013год, а на оваа позиција дојде од Одделението за организиран криминал и корупција.  Во јавноста се појавуваше многу ретко. За четири години откако е на челната позизвицја на Државното обвинителство, Зврлевски прес конференција има одржано само еднаш, и тоа за да ја претстави ПР службата. Но, затоа пак камерите го регистрираа на ромскиот бал, во друштво на екс директорот на Убк Сашо Мијалков и Амди Бајрам.
Зврлевски беше мета на критики и за неажурност и селективност. Случаи кои ги обелоденуваше опозицијата во кои беа вмешани високи функционери на претходната владејачка гарнитура, Јавното обвинителство или не постапуваше или не гледаше основа за покренување обвинение. Меѓу нив се случаите Макеоднска банка и Актор кои го привлекоа вниманието на јавноста.
Најголемите критики кон Зврлевски следуваа по објавувањето на опозициските бомби. Обвинителството со месеци ги чуваше во фиока, а во меѓувреме отвори случај против Заев познат како „Пуч“.
Зврлевски ќе остане запаметен како Јавен обвинител во чие време се формираше Специјално јавно обвинителство, со основна цел – да ги истражи наводите од прислушуваните разговори поврзани и кои произлегоа од прислушуваните телефонски разговори./извор ТВ24

Слични содржини