Кој навистина ги мести изборите против Трамп?

од Vladimir Zorba

trump-fox-998x624

Вашингтон пост – Вашингтон

Ако некој ги мести изборите против Доналд Трамп, тоа е самиот Доналд Трамп – одземајќи им ја моќта на неговите гласачи.

Да, Трамп еднаш (претпоставуваме по грешка) им рече на присутните на еден митинг (дефинитивно излезете и гласајте на 20 ноември“, а тоа е 20 дена по затворање на гласачките места. Но овој изолиран гаф нема да го доведе до победа. Всушност, тоа е фактот дека тој се уште им кажува на неговите поддржувачи, и тоа постојано, дека изборите се „наместени“ од огромната глобална конспирација која никогаш нема да му дозволи тој да победи – или дека неговите поддржувачи можат исто да си останат дома дури и да го знаат точниот ден на изборите.

Со други зборови, неговите тврдења дека е проколнат да загуби може да станат пророштво за самоисполнетост.

На дебатата минатата среда и во неколките изминати недели – не само случајно, што кореспондира со неговиот постојан пад на анкетите – Трамп постојано наведува дека изборните резултати ќе бидат „помалку од кошер“.

Точната природа за ваквата параноидност загрижува. Тој тврдеше дека меѓународна пан-медиумска-банкарска-демократска-ФБИ-елита алијанса е зад неодредените местења. Другпат тој тврдеше дека мексикански државјани нагрнуваат преку границата за нелегално да ги полнат кутиите во корист на Хилари Клинтон, и дека базата на нејзините најлојални гласачи можеби се починати лица.

Таквите обвинувања можеби и ќе поттикнат некого во неговата база, меѓу кои се и оние кои бараат да „бидат монитори“ на гласачките места за да спречат секој кој наликува, како што рече еден генијалец, „на мексиканци, сиријци, луѓе кои не знаат да зборуваат американски“. Ова помалку наликува на затскриена закана: податоци од анкетата Светските вредности покажува корелација помеѓу верувањето дека службени лица за изборите се некоректни и насилни на гласачките места. Но што и да ја мотивира ваквата реторика наменета за само неколкумина битанги кои би умреле за Трамп, поголемиот ефект најверојанто би бил да се намали излезноста помеѓу помаргиналните гласачи – кои нерамномерно ја компромитираат гласачката база на Трамп.

Неколку неодамнешни научни социјални студии откриваат дека верувањето во коруптивноста на владата изгледа го обесхрабруваат гласањето. Теренскиот експеримент на Акција за иновации против сиромаштијата спроведен во Мексико откри дека зборувањето наменето за населението за доказите за партијата на претседателот во заминување за корупција ја намалило стапката на излезност. „Тие останале дома затоа што им било преку глава од системот“, рече Алберто Чонг, професор на Државниот универзитет на Џорџија, кој е коавтор на студијата.

Втора студија, од професори на Шведскиот универзитет во Готенбург, користеле анализи од повеќе држави за да покажат дека перцепцијата за неморалните дејствија на владата негативно влијаат на излезноста. Ова е вистина, но сепак само во земји со ниско до средно ниво на корупција (како, да речеме, во САД).

Во друг експеримент, овојпат во САД, истражувачите тестирале различни пораки кои им биле покажувани на луѓе кои пребарувале информации на Гугл во врска со регистрирање на гласачите. Во пораките кои велат „системот е наместен“. имале помал ефект во реагирањето отколку „регистрирањето е брзо, лесно и бесплатно“.

– Гласачите за кои голема веројатност да одбијат да излезат да гласаат заради приказните за наместениот систем се оние кои најмалку се вклучени во политиката и кои најмногу доаѓаат преку оградата, вели професор Адам Ливајн од Универзитетот Корнел и коавтор на третата студија.

Ливајн вели дека тврдењата на Трамп за корупција во политичкиот и изборниот систем најверојатно се гледаат како веродостојни и убедливи помеѓу следбениците на самјиот Трамп – изборачкото тело кое тој треба да го убеди во својата политичка ефикасност.

Всушност, поддржувачите на Трамп повеќе или помалку веруваат дека нивните гласови ќе бидат прецизно броени отколку оние на поддржувачите на Клинтон, или дури и поддржувачите на претходните репибликански кандидати за претседатели.

Анкетата на Истражувачкиот центар Пју од август, открива дека само 11 проценти од регистрираните гласачи кои рекле дека го поддржуваат Трамп биле „силно убедени“ дека броењето на гласовите низ целата земја ќе бидат точно изброени: ова е околу една петтина од удделот на гласачите за Клинтон кои го изјавиле истото.

Што се однесува до тоа дали нивните гласови ќе бидат точно избројани, 38 проценти од гласачите на Трамп рекле дека се длабоко уверени дека тоа ќе се случи. Во 2008, скоро двојно повеќе гласачи за Џон Мекејн (или 65 проценти) имале силна верба дека нивните гласови ќе бидат точно избројани.

Многу демографски групи – жени, муслимани, емигранти, хиспанци, афро-американци, луѓе со физичка попреченост – се повредени од Трамп во оваа кампања. Но можеби неговото најголемо предавство е кон неговите поддржувачи, економски исплашените, гласачи кои и припаѓаат на белата работничка класа за кои тој вели дека се оставени од политичката класа. Тој самиот може да им помогне, наведува тој.

Трамп даде сурови ветувања за неговиоте поддржувачи кои тој не може да ги оствари, во врска со повторното отворање на фабрики и рудници, тој создаде страв и недоверба помеѓу избирачкото тело и нивната околина. И сега со сите сили се обидува да ги убеди декаљ системот е наместен, расипан, така што тие немаат никаква политичка инспирација да го изберат својот претседател или било кој друг кој ќе биде на избирачкото ливче следниот месец.

Наместо да ги мотивира неговите поддржувачи да бидат уверени дека нивниот глас ќе биде слушат, тој ги води во молк.

Слични содржини