Кривична пријава за маж што „расклатил“ столбови на далновод

од Vladimir Zorba

Жител на селото Голем Папрадник, Дебарско, доби кривична пријава за предизвикување општа опасност, бидејќи копал околу два бетонски столба на далновод и ја нарушил нивната стабилност.

Полициската станица од Дебар го товари 69-годишниот Д.Д. дека во изминатите месеци, кај местото Парешки кории, во близина на селото Баланци, неовластено извршил ископ околу два бетонски столба за пренос на електрична енергија од 10-киловолтен далновод, од кој со електрична енергија се напојуваат општина Центар Жупа, неколку индустриски капацитети, како и селата во регионот.

Со тоа, вели полицијата, пријавениот значително ја нарушил стабилноста на бетонските столбови, со што можел да го доведе во опасност и нормалното снабдување со електрична енергија на корисниците во целиот регион./META

Слични содржини