Куририте манипулираат – ниту граѓаните кои ја демолираа општина Центар бранеа црква, ниту СЈО има надлежност за „Шарената револуција“!

од Vladimir Zorba

Откако Специјалното јавно обвинителство денеска најави две обвиненија од кои едното за демолирањето на општина Центар, и ВМРО-ДПМНЕ и провладините медиуми започнаа со напади кон обвинтелството.

sjo

Протестите во кои беше демолирана општина Центар не беа за одбрана на црква

Една од тезите кои цел ден се врти на медиумите под контрола на власта, е таа дека „Катица Јанева и СЈО тргнале против граѓани кои ја бранеле црквата“.

Како што беше лага тогаш, тоа е лага и сега.

Како што кажа и обвинителката Фатиме Фетаи , обвинетите преку партиските органи организирале да се протестира заради наводно рушење на црквата “ Св. Константин и Елена “ која била во фаза на градба, иако, таква одлука за рушење на објекти во фаза на градба воопшто не била предмет на расправа на седницата.

– Анализите кои ги направи ова јавно обвинителство на доказите кои беа собрани, упатуваат на тоа дека мотивите на првообвинетиот за ваквото барање се чисто лукративни, заради опстојување на бизнис интересите на партискиот врв и нивните блиски бизнис партнери. Впрочем, во доказниот материјал од наша страна е доставен и уште еден разговор помеѓу еден поранешен висок носител на извршната власт, опфатен и во обвинението и познат македонски бизнисмен. Тој разговор е само една мала потврда за напред наведените мотиви. Наведената телефонска комуникација е случена на ден 13.10.2013 година во 22 часот, 02 минути и 49 секунда со времетраење од 56 секунди. Имајќи го предвид дневниот ред на седницата, како и спорните урбанистички планови, меѓу кои и Мал Ринг, чие поништување било на дневен ред на седницата на советот, како и целиот комплекс на интереси и објекти кои го носи Дуп-от Мал Ринг, јасно произлегува и мотивот за ваква реакција на дел од обвинетите, со конкретно поттикнување на насилен начин да се спречи одржувањето на седницата – објасни Фетаи.

СЈО нема ингеренции за протестите на „Шарената револуција“

ВМРО-ДПМНЕ и курирските медиуми имаат уште една теза во нападите кон СЈО а одбрана на обвинетите во случајот кој го отвори обвинителството.

Имено, од таму велат дека СЈО повеле предмет за демолирањето на општина Центар, но не направиле ништо во однос на протестите на „Шарената револуција“.

Од ВМРО-ДПМНЕ, но и од медиумите блиски до нив, не може да не знаат дека СЈО не е надлежно за протестите кои се случија после аболициите на Иванов. Причината е едноставна и ја има и во името на обвинителството кое го прозиваат – Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Протестите се случуваа во пролетта и летото оваа (2016) година, една година по „бомбите“ на Заев кои се предадени во СЈО, па самите протести и евентуалните кривични дела во нив не може да се поврзани, ниту да произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Во членот 2 став 1 од Законот, неовластеното следење на комуникациите се дефинира како неовластено следење на сите комуникации извршено во периодот меѓу 2008 и 2015 година, вклучително но не и ограничено на аудио снимки и транскрипти поднесени до Јавното обвинителство пред 15 јули 2015 година.

Дополнително, за протестите веќе има кривични пријави од Основното јавно обвинителство на Зврлевски.

Со ова, и двете тези со кои медиумски се бранат обвинетите и се прави хајка кон СЈО паѓаат во вода.

Слични содржини