Lenovo направи нов флексибилен таблет

од desk3

На конференцијата Tech World 2017 се одржа премиерата на таблет, кој може да се прекпшува. Folio е целосно функционален прототип кој може да влезе во производство веднаш, уверуваат од Lenovo.

Кинескиот производител го претстави преклопувањето на таблет и телефон уште минатата година, а Folio е комбинација од двата уреди. Во непреклопена состојба таблетот изгледа како обичен 7.8-инчен таблет со резолуција 1 920 на 1 440 пиксели, а во преклопена состојба – како паметен телефон со дијагонала 5,5 инчи.

На секоја половина од екранот можат да се пуштаат различни апликации. Folio има процесор Snapdragon 800, подржува e-SIM и работи под оперативниот систем Android 7.0, но конкретни рокови за пуштање во продажба не се објавени.

Слични содржини