Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет ќе одат на вечерна средба заради добротворни цели

од Vladimir Zorba

Секогаш сте сакале да вечерате со Џек или Роуз од “Титаник”? Веќе ја имате таа можност благодарение на фондацијата на Леонардо ди Каприо, кој заедно со својата колешка Кејт Винслет нуди на добротворна аукција приватна вечера, соопшти портпаролот на актерот. Гламурозната вечера, која ќе се одржи во ресторан во Њујорк по избор на победникот во есен, е еден од многуте предлози во добротворната аукција на фондацијата на актерот, која ќе се одржи на официјална галавечер во француското одморалиште Сен Тропе во четвртокот.

За време на минатогодишниот ваков настан хуманитарната организација посветена на заштитата на животната средина, собра 45 милиони долари.

Добитниците на “Оскар” Ди Каприо и Винслет ги одиграа Џек и Роуз во филмот “Титаник” од 1998 година на режисерот Џејмс Камерон, по што во неколку наврати биле заедно и во други филмови. Леонардо е посветен на каузата за заштита на животната средина, додека Кејт се вклучува во различни добротворни акции за помош на деца аутисти, бездомници и рак болни.

Слични содржини