Договорено-Локалните избори во октомври!

од Vladimir Zorba

Заврши координацијата во Собранието. Паднал и договор за локалните избори да се одржат во првата половина на октомври, а мандатот на советниците и градоначалниците ќе биде продолжен до одржувањето на изборите. На средбата не присуствувал претставник од ВМРО-ДПМНЕ. Ова го пишува во соопштението испратено од Собранието.

„Партиите се договорија дека од исклучителен приоритет за Република Македонија е постигнувањето договор за донесување на Предлог-закон за изменување и дополнување на Изборниот законик со кој одржувањето на локалните избори ќе биде предвидено за првата половина во месец октомври, а мандатот на сегашните градоначалници и советници ќе биде продолжен до изборот на новите членови на советите и градоначалниците“, пишува во собраниското соопштение.

Џафери ги повикал партиите да направат пратенички групи

„Џафери и претставниците на политичките партии се согласија дека политичкиот дијалог мора да продолжи во Собранието на Република Македонија и дека сите политички субјекти треба да бидат одговорни пред граѓаните и да допринесат за продолжување на демократските процеси во Република Македонија“, наведено е во соопштението.

Слични содржини