Мајли Сајрус: Кејти Пери ја испеа „I kissed a girl“ за мене

од Vladimir Zorba

Мајли Сајрус неретко прави провокативни изјави, а најскорешното нејзино признание ја компромитира освен неа и нејзината колешка Кејти Пери.

Во разговор со новинарите Сајрус одеднаш призна дека песната на Кејти “I Kissed a Girl” е посветена на неа. Фановите на ѕвездата биле во недоумица, бидејќи порано никој не ни помислуваше за топлите односи меѓу двете пејачки.

Првите сомневања се појавија во 2014 година, кога Мајли во екот на концертно шоу отиде до девојка и страсно ја бакна. “Кејти ми стана пријателка многу одамна. Но, не толку одамна сфативме дека во наредните години ќе продолжиме да сме заедно. ”

За тоа дека Кејти ѝ е посветила песна Мајли разбрала додека се наоѓала на сетот на серијата “Хана Монтана”. Според нејзините зборови, Пери го изјавила тоа во етерот на една од станиците.

Слични содржини