Македонската репрезентација успеа да се пласира во следната фаза од европскиот шампионат, откако со голот на Дејан Манасков на две секунди до крајот успеа да стигне до реми од 27-27 против Србија. Во наредната фаза на ЕП вкрстуваме со репрезентации од групата „Б“. Херој на „жолто-црвените“ е Дејан Манасков, кој одигра фантастичен натпревар и постигна 10 гола, од кои еден беше оној во последната секунда кој нѝ донесе радост.

2228_1426113061
Најефикасен ракометар кај Македонија беше херојот Дејан Манасков со десет постигнати гола, а Гоце Георгиевски додаде уште пет, додека капитенот Кире Лазаров натпреварот го заврши со четири гола, сите во првото полувреме. Кај Србија, маестрален беше Дарко Станиќ со 12 интервенции, а најдобри стрелци беа Шешум и Ненадиќ со по седум гола. За играч на мечот е прогласен Станиќ.

Слични содржини