Маткањето на маслото во устата ги извлекува отровите од телото и лечи мигрени

од Vladimir Zorba

Маткањето на маслото е една од најпознатите методи на чистење на усната празнина во ајурведата , но нејзината благодет ја надминува самата уста. Маслото на себе ги привлекува бактериите и помага за нивното исфрлање од организмот. Оваа древна техника на чистење на многумина може да им изгледа необична, но се покажало дека маткањето на маслото делува на низа здравствени проблеми. Освен тоа, помага во исфрлување на разни токсини кои ги примаме од храната или воздухот, а кое телото тешко ги распознава и не може во потполност да ги исфрли. Тие се таложат во телото, каде се мешаат со ткивото создавајќи така токсичен отпад. Затоа маткањето на маслото се покажало како добар начин за ослободување на поголемиот дел од тие токсини и намалување  на ткивната токсичност. Старите ајурведски текстови говорат како оваа метода помага во лечење на цела низа болести како мигрената,артритисот, тромбозата, астмата, несониците, пореметувањата на крвта,  цревните болести и болестите врзани со пробавата ,срцевите проблеми, хормоналната нерамнотежа, егземот и други кожни болести. Некои ајурведски лекари сметаат дека маткањето може да помогне и кај сериозниболести како ракот  или сидата како дополнителна терапија. Зависно од сериозноста и траењето на болеста , оваа терапија понекогаш покажува резултати за една недела, но некогаш е потребно и неколку месеци за да се воочи резултатот.

Се смета дека во текот на маткањето целата крв од организмот поминува низ усната празнина , па се чисти исфрлувајќи ги вирусите, бактериите и токсините во маслото. За маткањето е најдобро да се користи кокосовото, сончогледовото или сезамовото масло, но може да послужи и било кое друго. Важно е само маслата да се органски, ладно цедени и да не се индустриски преработени. Во летните месеци добро е да се користи и маслиновото масло, кое има ефект на ладење, а можете да користите и мешавина од различни масла.

Лажица масло се става наутро, во устата, и таа количина се матка околу дваесет минути. Маткајте полека, свесно следејќи го секое движење.Водете сметка маслото да стигне до сите делови на усната празнина, а притоа внимавајте да не го проголтате. Бидејќи во маслото се насобираат токсинитеод целото тело, не би било добро со голтањето да се вратат во организмот.Оваа постапка се повторува секое утро се додека не дојде до подобрување на болеста или тегобите.После 70 секунди маслото се поврзува со плунката, после 250 секунди се поврзува со крвта, а после 600 секунди почнува исфрлување на штетните материи од организмот низ жлездите.Кога бактериите и токсините ќе почнат да се врзуваат за маслото, тоа ќе стане кремасто и ќе поприми бела боја, што значи дека чистењето е успешно.

После маткањето усната празнина е најдобро да се измие со солена вода, и задолжително да се измијат забите. Се препорачува да се користат две четкички за заби- една за наутро и друга за навечер. Бидејќи после маткањето во устата останува дел од токсините и бактериите кои се извлекле од организмот, тие би можеле да останат и на таа четкичка.

Иако со сушењето на четкичката повеќето бактерии умираат, не е на штета да се биде внимателен, особено ако боледувате од некоја сериозна болест. Затоа е подобро во остаокот на денот забите да ги миете со посебна четкичка за да не ги враќате токсините во организам при секое наредно четкање. Маткајте полека и смирено. Маткајте го маслото опуштено бидејќи во спротивно би можело да ве заболи вилицата и мускулите на усната празнина, поради што постапката би можела да биде болна и нема да успеете да ја завршите успешно. Маткањето не треба да ви одзема време бидејќи, додека маткате, можете да работите и нешто друго, како што е туширањето или подготовката на доручекот.

Го поправа расположението и заморот. Редовното и правилно маткање ќе резултира со лечење на низа болести и пореметувања. Освен што ја чисти оралната микрофлора и го зацврстува забното месо, ја зајакнува размената на материите во организмот, се враќа животната сила, исчезнуваат заморот, несоницата и лошото расположение. Затоа ајурведата оваа метода ја нарекува радикално енергетско чистење.

С.В.

Слични содржини