Меѓународниот Црвен крст бара да се поштедат цивилите во Мосул

од Vladimir Zorba

Меѓународниот Црвен крст денеска ги повика сите страни во борбата за ирачкиот град Мосул да ги поштедат цивилите и да дозволат ранетите да бидат евакуирани.

mosul

Регионалниот директор на Меѓународниот црвен крст за Блискиот Исток, Роберт Мардини на прес-конференција во Женева соопшти дека организацијата ги зајакнала медицинските центри, вклучувајќи и лечење на евентуални пациенти жртви на хемиско оружје.

Хуманитарната агенција се надева дека ќе може да следи како се постапува со луѓето кои ирачката војска ќе ги задржи или испитува откако ќе го напуштат северниот град, кој е под контрола на Исламска држава./Мета

 

Слични содржини