Meл Гибсон, 61, стана татко по деветти пат

од Vladimir Zorba

Мел Гибсон стана татко по деветти пат.

61 годишниот актер пречека на светот мало момче од девојката Росалинд Рос, која има само 26 години, во саботата во Лос Анџелес.

Според списанието Пипл, детето ќе се вика Ларс. Извор близок до двојката изјавил: „Тие се возбудени и Ларс е многу сладок. Нивното семејство е околу нив и Мел е во облаци. Тие се дома и сите се здрави и среќни!“

Режисерот има седум деца со неговата бивша жена Робин Мур: Хана, 36, близнаците Кристијан и Едвард,34, Вилијам- 31, Луис, 28, Мајло, 26 и Томас на 17 години.

Тој исто така има шест годишна ќерка Лусија со поранешната девојка Оксана Григориева.

Слични содржини