Германската канцеларка Ангела Меркел денеска застана во одбрана на Договорот меѓу Европската унија и Турција за враќање на мигрантите откако беа објавени анкетите кои укажуваат дека германската јавност е многу скептична кон Договорот.

angela-merkel-Small

Меркел тврди дека Договорот со Турција, каде се наоѓаат околу 2,7 милиони Сиријци, е клучен за намалување на бранот мигранти во Европа,

Германската кацеларка која долго време се спротиставуваше на полноправното членство на Турција во ЕУ изјави дека Анкара „е во право што се обидува да ги зацементира своите односи со ЕУ, без веднаш да стане полноправна членка“, како и дека разговара за визните олеснувања.

Таа во однос на депортациите истакна дека „цврсто е уверена дека е исправно да се обзнани дека е против илегалната имиграција“.

– Европа не може да стои на страна и да гледа како криумчарите ја преземаат контролата, посочи Меркел.

Најновите анкети на германскоте телевизии АРД и ЗДФ укажуваат дека Германците малку веруваат во Договорот со Турција. Само 38 отсто од 1.261 анкетирани лица изјавиле дека веруваат дека Договорот ќе резултира со намален прилив на мигранти во Европа.

Слични содржини