Грција се обврза да работи интензивно со меѓународните кредитори во наредните денови, за да се решат отворените прашања, кои го запираат пристапот до најважните пари од спасувачката програма.

меркели

Тоа го изјави германскиот канцелар Ангела Меркел пред да пристигне на вториот ден на самитот на ЕУ со Латинска Америка и Карибите во Брисел. На форумот учествуваат над 60 лидери.

Доверителите јасно изјавија дека Грција треба да го подобри својот предлог за реформи ако сака да добие 7,2 милијарди евра финансиска помош, за да ги плати придонесите на заемот до крајот на овој месец – 1,6 милијарди евра на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ ).

Меркел истакна дека по полноќните разговори со грчкиот премиер Алексис Ципрас е постигнат консензус дека “во следните денови Грција ќе работи енергично и со полна пареа со трите институции (ММФ, Европската централна банка и ЕК), за да се исчистат сите нерешени прашања” .
Таа изрази “надеж дека сега потребниот напредок може да биде постигнат” и истакна дека “се брои секој ден”.

Во исто време грчките синдикати организираа протести во Атина и другите градови против изгледите да бидат наметнати нови мерки на штедење како дел од договорот со меѓународните кредитори, пренесува “Франс прес”.

Мала група од активисти од прокомунистичкиот синдикат “Паме” го зазедоа Министерството за финансии,го соборија знамето на ЕУ и закачија голем слоган, кој гласи: Грците “доволно крвареа”.

“Доволно крварење, плативме доволно”, пишува на слоганот, на кој исто така се портретите на премиерот Ципрас и поранешниот премиер Јоргос Папандреу и Андонис Самарас.

Протести се одржаа во Атина, Солун и други градови.

Студија од вчера покажува дека 53% од поддржувачите на СИРИЗА поддржат прекин на преговорите со кредиторите. Сепак социолошко истражување на Марк за Алфа ТV покажува дека 50,2% од анкетираните сакаат владата да постигне договор. 80,3% сметаат дека е многу веројатно да биде постигнат договор.

Слични содржини