Меси потпиша нов договор со Барса со откупна клаузула од 700 милиони евра

од desk2

Конечно заврши сагата околу новиот договор на Лионел Меси со шпанскиот гигант, Барселона. По долг период на преговори, двете страни пронајдоа заеднички јазик и денес Аргентинецот стави потпис на нов договор со каталонскиот клуб, кој ќе има важност до 2021 година.

Со овој нов договор, Меси едноставно ќе биде недопирлив за клубовите кои во последниот период пројавија интерес за неговите услуги, бидејќи во договорот стои откупна клаузула од неверојатни 700 милиони евра.

30-годишниот Меси цели 17 години е дел од Барселона, досега одигра 602 натпревари и постигна 523 гола./Gol

Слични содржини