Милошоски пред ДИК повика на бунт ако се прифатат приговорите

од Vladimir Zorba

Антонио Милошоски се обрати на насобраната толпа на поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ и со својот говор само ја наелектризираше состојбата практично повикувајќи на бунт доколку ДИК ги прифати приговорите на СДСМ и БЕСА за пребројување или прегласување во шестата изборна единица.

– Во Теарце немаше никакви инциденти, нерагуларности или проблеми во текот на целиот изборен ден, а тоа го потврдија и самите набљудувачи на СДСМ, БЕСА и ДУИ. Го предупредуваме ДИК да донесе незаконски одлуки спротивни на волјата на народот кој ја донесе победа. Нека не помислува некој ако трпевме две години ќе трпиме и натаму, победата е израз на волјата на народот. Во спортската и изборната игра треба секој да научи дека може да победи и да изгуби и мора да се однесува достоинствено ние сме победници нема да дозволиме никој да ни ја оспори победата, да живее Македонија – извика Милошоски.

Не бараме ниту еден туѓ глас, но не даваме ниту еден сопствен глас. Тоа е гласот на народот и нашите гласови ги браневме со волјата изразена на демократски избори, порача вечерва Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните кои се собраа пред Државната изборна комисија.

– Две ипол години чекавме, две ипол години ја малтретираа државата. Побараа Државна изборна комисија, ја добија, побараа Министерство за внатрешни работи, го добија, побараа избори, ги добија. Добија и пораз и треба да го признаат. Македонија победи на чесни и достоинствени избори. Македонскиот народ гласаше, а ДИК треба да биде достоинствена како што беше достоинствен македонскиот народ и да ја признае волјата на граѓаните, рече Милошоски.

Тој додаде дека на државата не и требаат повеќе кризи. – Две ипол години бевме во криза за да дојдеме до избори. Дојдовме до избори. Бевме чесни, излеговме на гласање и победивме. Сакаме победата да ни биде потврдена за Македонија да биде стабилна, да биде напредна, рече Милошоски.

Пред граѓаните се обратија и Илија Димовски и Влатко Ѓорчев, кои посочија дека опозицијата добила услови за одржување избори како никаде во светот

 

Слични содржини