Министерството за правда достави барање до надлежниот суд за подготовка на документите за екстрадиција

од desk2

Министерството за правда попладнево соопшти дека доставило барање до надлежниот суд во Скопје за подготовка на целокупната документација за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошкоски, откако е добиено официјално писмо од Централни полициски служби на МВР.

– Надлежниот суд е упатен на одредбите од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја, Конвенцијата помеѓу Федеративна Народна Република Југославија и Кралството Грција за взаемни правни односи од 1959 година преземена како републички пропис со чл.5 од Уставниот закон за спроведување на Уставот на Република Македонија и Европската Конвенција за екстрадиција со дополнителни протоколи, се наведува во соопштението од Министерството за правда.

Оттаму посочуваат дека во конкретниот случај постапуваат согласно законските одредби од домашната регулатива и наведените конвенции.

Слични содржини