Митревски не го признава решението на Царовска, МТСП не се меша во синдикалното организирање

од desk2

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) Живко Митревски денеска ги оквалификува како неточни, неосновани и неаргументирини вчерашните реакции од Министерството за труд и социјална политика откако тој упати обвинувања дека ресорната министерка Мила Царовска донела решение со кое сака да изврши незаконска смена на актуелното раководство.

 

– Решението на Мила Царовска бр.08-8191/14 од 4.8.2017 година е ништовно бидејќи е спротивно на Конвенцијата на МОТ бр.87 член 3 и 4 за слобода на синдикалното организирање каде јасно е наведено дека државни органи и сите други власти не смеат со никаков акт да се мешаат во слободата на синдикалното организирање и слободата на избор, изјави Митревски.

Според него, никогаш не бил одржан Советот на ССМ согласно Статутот на ССМ на кој се повикувало Министерството. Го охрабрува, како што рече, „Централниот регистар доследно да ги спроведува наредбите на Обвинителството и заклучоците да не се изврши промена во Централниот регистар како и да се почитуваат судските одлуки кои забрануваат промена на претседател на ССМ“. Со никакви наводи во

Решението за огласување на ништовност бр.08-8191/134 од 4.08.2017 година Министерството за труд и социјална политика не се меша во слободата на синдикално организирање и слобода на избор, туку постапува според позитивните законски прописи на Република Македонија имајќи ги предвид и меѓународните конвенции, наведува Министерството за труд и социјална политика во реакција на денешната прес-конференција на претседателот на ССМ Живко Митревски.

Во реакцијата се нагласува дека Министерството за труд и социјална политика по службена должност оценило оти решението на претходниот министер Ибрахим Ибраими е ништовно, согласно Законот за општа управна постапка.

Слични содржини