ММФ ја намали прогнозата за економскиот раст на Грција за 2015 година од 2,5% на 0%, пренесе AFP.

mmf
Во својот извештај институцијата наведува дека поради лошата финансиска состојба на земјата, ЕУ ќе мора значително да ги одложи роковите за враќање на доделените заеми. Според ММФ Европејците ќе треба да ги удвојат роковите за враќање на парите, како и грејс периодот.
Грција ќе има потреба од европска помош од уште 36 милијарди евра во следните три години, дури и да го одобри планот на доверителите, кој ќе биде изгласан на референдумот во недела, стои во извештајот на ММФ.
Финансиските потреби на земјата се зголемија поради “големите политички промени” во Атина и сега изнесуваат 50 милијарди евра до 2018 година, се вели во документот.

Слични содржини