МНР нема информации за повредени македонски граѓани во Барселона

од desk2

Министерството за надворешни работи на Република Македонија соопти дека до 20.30 часот немаат информации за повредени македонски граѓани во нападот во Барселона.

Земајќи ја во предвид сериозноста на ситуацијата, во моментов е отежната комуникацијата со релевантните институции, но македонската амбасада во Шпанија прави напори да добива редовни и прецизни информации за настанот и можноста за евентуални повредени македонски граѓани.

Од Министерството информираат дека ова се важни телефони кои можат да им бидат од корист на граѓаните:

00 34 620 126 308 – број на претставник на македонска амбасада во Шпанија

00 34 932 142 124 – број од шпанските институции за информации за засегнати роднини / пријатели.

Слични содржини