Момчето Салим од Јемен умираше од глад, сега е јако и насмеано момче

од desk2

Снимката на момчето Салим од Јемен, кому минатата година му предвидуваа дека ќе умре поради потхранетост, го шокираше светот.


Салим беше симбол на страдањата на граѓаните од Јемен, кои умираат од глад поради војната. Тогаш имаше седум години. Беше потхранет како и 350.000 јеменски деца.

Благодарение на итната служба и медицинскиот персонал кој волонтира во тоа подрачје, Салим денес има нормална килаѓа. За жал, претрпе оштетување на мозокот и заостанува во растот.
Неговото семејство и понатаму нема доволно храна.

„Понекогаш јадам леб и чај, ако најдам. Понекогаш сонцето ќе зајде, а јас сум испила само чај“, вели неговата мајка.

Родителите во Јемен не можат да направат повеќе за своит деца, може само да се надеваат дека ќе преживеат.
„Сакам да се школува ако преживее, но мислам дека нема“, вели мајката на едно девојче.

Слични содржини