На само неколку часа пред стартот на прекинот на огнот во источна Украина, Русија денеска ги обвини властите во Киев и западните земји дека не го почитуваат Мировниот договор постигнат во Минск ноќта меѓу средата и четвртокот.

Ukrajina, Istok, Borbe

– Официјални претставници на Украина и на неколку западни земји, пред се САД, во суштина изразија солидарност со мислењето на радикалните националисти во Врховната рада и почнаа да ја извртуваат содржината на Договорот од Минск, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Со Мировниот договор од Минск се предвидува прекин на огнот меѓу сепаратистите и украинските сили, што треба да стапи во сила вечерва на полноќ по украинско време (во 23 часот по средноевропско време). Покрај примирје, Договорот предвидува и повлекување на тешкото оружје од линијата на фронтот и серија мерки за долгорочно решавање на кризата во Украина.

Но, и покрај довореното примирје од теренот пристигнуваат информации за жестоки судири меѓу украинските сили и проруските сепаратисти.

Сепаратиситте од Доњецк соопштија дека во последниве 24 часа во напади на украинските сили врз градот загинале четири лица. – Артилеријата на украинските сили ги гаѓаше практично сите делови на градот, изјави претставникот на сепаратистите Едуард Басурин.

Од своја страна, портпаролот на украинската армија Андриј Лисенко информира дека во „активните судири“ во источна Украина во последниве 24 часа загинале седум војници, а 23 други се ранети.

Слични содржини