На грчките плажи и улици годишно завршуваат 22 милијарди отпушоци

од Vladimir Zorba

  Грчкото здружение за борба против ракот ги повика пушачите да се воздржат од оставање отпушоци на плажите во земјата, истакнувајќи го ризикот за јавното здравје и животната средина од околу 22 милијарди отпушоци кои завршуваат на плажите и улиците секоја година.

– Почитувани пушачи, ако не можете да го избегнете пушењето, барем цигарите оставајте ги во некој импровизиран пепелник … и потоа фрлете ги во канта за отпадоци, соопшти здружението.

Според проценките на комуналните служби, отпушоците изнесуваат речиси 40 проценти од сметот кој се отстранува од плажите

Слични содржини