На Куба е забележан пораст на заболени од зика

од Vladimir Zorba

На Куба е забележа пораст на бројот на заболени од зика вирус, но вкупниот број на заразени се уште е далеку помал отколку во другите карипски земји, пренесуваат медиумите.

Во текот на 2016 и првите месеци од оваа година забележани се речиси 1.850 случаи на инфекција.

Повеќето пациенти се во Хавана, Сиенфуегос и Гвантанамо, изјави официјалното лице за цивилна одбрана.

Епидемијата на зика вирусот кој се пренесува со каснување на тигрест комарец и преку сексуален контакт, од 2015 година зафати десетина земји, најмногу во Јужна и Централна Америка, а посебно е погоден Бразил особено и регионот околу Карипско Море.

Инфекцијата со зика предизвикува сериозни невролошки проблеми кај возрасните лица и вродени аномалии на фетусот доколку бремената жена е инфициран со овој вирус.

Не постои вакцина за оваа болест, но превенцијата се заснива врз основа на заштита од комарци,кои го пренесуваат вирусот.

Слични содржини