Најмалку 31 загинат во пожарите во Калифорнија

од Vladimir Zorba

  Најмалку 31 лица загинаа, над сто се повредени, а неколку стотици се водат како исчезанти во силните пожари што ја зафатија американската сојузна држава Калифорнија.

Ова претставува рекорден број на жртви при огнена стихија во историјата на САД. Досегашниот неславен рекорд го држеше пожарот во Лос Анџелес во 1933 година, која загинале 29 лица.

Пожарите досега зафатија површина од 190.000 акти и уништија над 3.500 станбени и деловни објекти.

Според локалните власти, нема информации за 463 лица од регионот зафатен со пожарите, кои во моментов се водат како исчезнати.

Најтешко е погоден градот Санта Роза, северно од Сан Франциско, во централниот дел на долината Напа, која е позната како главен центар на винската индустрија во САД.

Над 8.000 пожарникари се ангажирани во борба со пожарите, кои се шират поради силните ветрови и сушата. Во моментов во реонот беснеат најмалку 21 пожар.

 

Се претпоставува дека пожарите биле предизвикани од електрична искра од пад на далновод.

Слични содржини