Научниците открија планети со услови за живот

од Vladimir Zorba

Научниците открија при ѕвездата TRAPPIST-1 седум планети, на три од кои условите се погодни за постоење на живот, тврди магазинот Nature.

“Нашите согледувања открија дека миниум седум планети со големина и маса, слични со Земјата, се вртат околу TRAPPIST-1”, пишува во статијата со Мајкл Гилан од Институтот за технологија и астрофизички истражувања на Лиежскиот универзитет во Белгија.

Ѕвездата TRAPPIST-1 е во соѕвездието Доволеј и има димензии на Јупитер. Таа се наоѓа на 39 светлосни години од нас.

Во 2016-та Гилан и неговите колеги откриле околу неа три планети, а сега уште четири. Температурата на сите 7 планети може да биде погодна за постоење на течна вода на површината. Но, според научниците најпогодни услови за живот има во три од планетите. На трите најблиски до ѕвездата планети е премногу топло за да има живот, а на подалечните е премногу ладно.

Затоа, од гледна точка на побарувачката на живот најинтересни се останатите три планети меѓу нив. Во моментов планетарниот систем TRAPPIST-1 се забележува со вселенскиот телескоп “Хабл”, за да се утврди присуството на атмосферата на планетите.

Слични содржини