Силното полициско обезбедување и денес не им дозволи на стотици демонстранти да протестираат пред Владата. Ова е противуставно, ви се попречува право на протест и  на движење. Не се отажуваме , и не се плашиме! Намeсто гумени куршуми, полицајците денеска добија  поклон од мирните демонстранти – гумени бомбони, во чест на Денот на полицијата.

11208706_615892758511000_372218471_n

Сепак, револтирани од тоа што и денеска им беше забрането да се најдат пред Влада, протестантите исто како и вчера се упатија на друга локација а тоа е зградата на Јавнот  обвинителството како би ги пријавиле сите кои не им дозволуваат да бидат пред зградата на Владата на Македонија. Демонстрантите и денеска бараат оставки од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и од премиерот Никола Груевски.
11216304_615892785177664_1865788454_n
Ова е втор ден демонстрантите да бидат спречени, откако вчера граѓаните кои имаа намера да протестираат пред Владата, а не им беше дозволено од полицијатата да се приближат до зградата, протестот го реализираа пред Собранието.

ОД Хелсиншкиот  комитет изјавија се ова е во функција на демотивација на граѓаните, плашење со пртиворање, лажење со демек затвор за протестанти и кривични пријави , до праќање на провокатори кои треба да исценираат инциденти и да и овозможат на полицијата да интервенира. Но нема страв и нема откажување- прочитани се велат од Хелшинскиот парламент  !

Слични содржини