Белгиската полиција презеде нова операција во бриселски кварт, каде се наоѓаат институциите на ЕУ, при што е затворена една од сообраќајниците.

_88923326_032139232

Сведоци од местото на случувањата тврдат дека имало престрелка, а полицијата засега одбива да изнесе детали додека трае акцијата.Претходно. денеска е објавен фоторобот на наводниот соучесник на напаѓачот од метро станицата во Брисел. Веќе има сведоци, кои тврдат дека го виделе младиот маж.

Според претпоставки во медиумите, терористите планирале да го нападнат Брисел следниот понеделник на првиот ден од католичкиот Велигден, но побрзале бидејќи била започната потрага по нив и биле осомничени за соучесништво во нападите во Париз минатата година./МИА

Слични содржини