NewEurope: Јерун Диселблум може да остане претседател на Еврогрупата до крајот на мандатот во јануари 2018 година

од desk2

Холандскиот министер за финансии и претседател на Еврогрупата Јерун Диселблум може да остане на функцијата меѓу колегите од еврозоната до крајот на својот мандат во јануари 2018, но конечната одлука за тоа останува во нивни раце, пренесоа NewEurope.

“Формирањето на новата коалициска влада во Холандија може да трае со месеци”, изјави Диселблум пред почетокот на состанокот на министрите за финансии од Еврогрупата во Советот на Европа.
“Се уште е рано да се каже дали ќе има празнина меѓу назначувањето на новиот министер до крајот на мандатот”, додаде тој. “Дали ќе бидам заменет со друг министер пред мандатот на оваа Еврогрупата да истече, зависи од одлуката на другите министри”, рече министерот.

Слични содржини