Никола Груевски утре ќе сведочи во СЈО

од desk4

Според непотврдени сознанија на СУДСТВО.МК, утре напладне во Специјалното јавно обвинителство, во својство на сведок, ќе се појави обвинетиот Никола Груевски.

Останува непознато за кој случај е повикан Груевски, но се претпоставува дека се работи за нов предмет, односно за една од новоотворените предистражни постапки.

Она што е извесно е дека Груевски, по неколкуте беуспешни обиди за достава, поканата на СЈО за сведочење ја примил само кратко време по завршувањето на судскиот процес наречен “Нарачани шамари во Општина Центар”, а во кој Груевски се јавува како првообвинет за сторено кривично дело поттикнување.

Слични содржини