Николовски: Од идната година ќе има зелена нафта

од desk2

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски кажа дека се направени сите потребни анализи за воведување на „зелена нафта“ за земјоделците и дека мерката е планирана за 2018 година.

– Сите анализи што треба да бидат направени во овие неколку месеци, Министерството ги направи и зелената нафта, како и ослободувањето од персоналниот данок до милион денари преку новиот систем на Управата за јавни приходи што ќе биде дефиниран во следните неколку денови, се едни од придобивките и од ветувањата вградени во програмата на новата реформска и демократска Влада, истакна Николовски, одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорите за поддршка на млади земјоделци во МЗШВ.

Слични содржини