why_obama_should_not_pick_krugman_for_the_fed-1280x960

Грците треба да заокружат „не“ на референдумот, а Владата треба да биде подготвена, ако треба да ја напушти еврозоната, порача добитник на Нобелова награда за економија, Пол Кругман. – За да разберете зошто го кажувам ова, треба да сфатите дека многу работи не се, но многу нешта од она што сте го слушнале за грчкото расипништво и неодговорност се погрешни, напиша Кругман во колумна за „Њујорк Тајмс“.

Кругман смета дека за Грците напуштањето на еврозоната би било подобро решение од останување на мртва точка, како во последните пет години, како и дека гласањето за продолжување на соработка со кредиторите, речиси сигурно би значело пад за Владата на Алексис Ципрас.

Слични содржини