Новата битка меѓу Западот и Русија ги запали тензиите во Босна и Херцеговина!

од Vladimir Zorba

Причината е референдумот, кој ќе се одржи утре

srpska-rss

Мини-државата на босанските Срби закажа за овој викенд рпредвиде еферендум, кој се претвори во своевидна битка меѓу Западот и Русија, разгори нови тензии и предизвика стравувања од нови конфликти  со повеќе од 20 години по завршувањето на војните во Западен Балкан, пишува  Монитор.На утрешните гласови  жителите на Република Српска ќе одговорат дали празникот на републиката ќе  остане на 9 јануари и покрај одлуката на босанскиот Уставен суд дека овој датум е дискриминаторски за несрпското население.

на 9 јануари 1992 година, српски православен празник, босанските Срби најавија основањето на нивна сопствена држава          ( “држава на српскиот народ”) во составот на Босна, разгорувајќи ја  војна која доведе до смрт на најмалку 100 000 луѓе и остави милиони без дом. За време на најжестоките масакри во Европа по Втората светска војна босанските Срби, потпомогнати од соседна Србија, ги изгонија босанските муслимани и Хрватите католици од окупираната од нив територија со цел да ја направат дел од Србија.

Постигнатиот со посредство на САД мировен договор, потпишан во 1995 година, создаде Република Српска, автономен регион во составот на Босна и Херцеговина. За босанските муслимани и Хрвати, чија федерацијаја  претставува другата половина на Босна и Херцеговина, 9 јануари сеуште  го симболизира нивното прогонување и е знак дека територијата контролирана од страна на босанските Срби, сеуште е наменета само за Србите.

Босанскиот Уставен суд зго абрани референдумот, но Србите велат дека ќе го одржат и покрај сè.

Гласањето предизвикува  најмногу разгорување  на размена на реплики меѓу босанските муслимани и Срби по војната во 90-тите години. Српски официјални претставници изјавија дека се подготвени да ја  бранат Република Српска, ако таа биде нападната, и  и наредија на српската армија да биде будна.

Покрај тоа  референдумот е во спротивност со владеењето на правото во земјата, босанските муслимани стравуваат дека тој е тест за посериозен референдум – за независност – во 2018 година, кој нема да помине мирно, предупредуваат властите во Сараево.

“Никој не е подготвен да ја  брани оваа земја по секаков начин и до крај. Никој не треба да ги тера луѓето кои ја сакаат оваа земја, да го  докажуваат тоа повторно “, рече водачот на босанските муслимани Бакир Изетбеговиќ.

Референдумот доведе и до зголемување на тензиите меѓу западните држави кои ги поддржуваат босанските муслимани и Хрвати, и Русија како поддржувачка на Србите.

Американската амбасада во Сараево се закани со неопределени “последици” ако референдумот не биде укинат, додека рускиот амбасадор отворено го поддржа референдумот, велејќи дека тој е чин на демократија. Русија е традиционален поддржувач на словенскиот српски народ и неговата православна црква.

“Руската економија беше погодена длабоко од западните санкции објавени поради Украина. Ако Русија може во замена  за тоа да предизвика проблеми на Западот, како изгледа одлучила да направи во Босна сега, нека биде така. не е важно дали оние во Босна ќе го  обноват конфликтот, нема значење дека Русија нема што да понуди на Балканот, тоа е само добар начин да предизвика проблеми на Западот “, вели експертот за Балканот Тим Џуда.

Водачот на босанските Срби Милорад Додик кој закажа референдумот и замина за Москва да се сретне со претседателот Владимир Путин во четвртокот  реакциите на босанските муслимани  ги нарече”хистерија”.

“Тоа не е референдум за отцепување, како што многумина сакаат да го прикажат. Тоа не е дури почеток на сличен процес “, рече Додик. додик

Меѓународните претставници, кои ги следат мирот во Босна, беа вознемирени од предизвикот на Додик и заканите за нови конфликти.

” Во последните 20 години не сме слушнале таков јазик “, рече високиот претставник на меѓународната заедница, австрискиот дипломат Валентин Инцко.

Советот за спроведување на мировниот договор, меѓународно тело, мониторинг процесите во Босна, изјавија дека нема да има прекројување на границите, и ги повикаа сите “да се воздржат од одмазднички мерки и предизвикување расколна  реторика”. Тој ги повика босанските Срби да ги сопрат  гласовите, но Русија, која е членка на советот, се дистанцира од заедничкото соопштение.

Референдумот е истовремено “и тест за државните институции, и напад против нив”, рече Инцко во интервју за американските медиуми, истакнувајќи исто дека босанскиот кривичен законик предвидува од 6 месеци до 5 години затвор за оние кои не се потчинуваат на Уставниот суд.

Санкциите можат да вклучуваат и забрана за патување, замрзнување на средства и запирање на проекти во земјата, рече Инцко. “Сите опции се отворени”, рече тој.

Слични содржини