Новата реформска Влада е потреба за граѓаните и државата, Иванов и ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржат демократските промени!

од Vladimir Zorba

 

Граѓаните на Република Македонија ја очекуваат новата реформска Влада за конечно да почнат промените за добар и достоинствен живот за сите, се вели во соопштението на СДСМ.

Тоа што новата Влада ќе пристапи кон зголемување на минималната плата, ќе биде укината радиодифузната такса, ќе биде воведена дневната ефтина тарифа на струјата и цел викенд ефтина струја се само некои од првите мерки од коишто граѓаните ќе почувствуваат олеснување во семејните буџети. Добро ќе живеат сите граѓани, а не само една фамилија.

Новата реформска Влада е неопходна и поради евро-интеграциските процеси на Република Македонија. Земјата е долго блокирана на овој пат и во изолација поради криминалните интереси на Никола Груевски и на раководството на ВМРО ДПМНЕ.

Личната корист на сметка на граѓанските државни интереси е причината поради којашто оваа мала група во врвот на ВМРО ДПМНЕ на чело со Груевски измислува непостоечки теми. Тие знаат дека партијата е веќе опозиција и дека правната држава ќе им ги скрати личните бенефити. Тоа го знае и членството на ВМРО ДПМНЕ кое сега треба да реагира и да покаже дека им се важни граѓаните, а не заштита на криминалот.

Тоа мора да го направи и Ѓорѓе Иванов да го додели мандатот за сставување на Влада. Новиот претседател на Собранието го информираше Иванов дека има легитимно палраментарно мнозинство и Иванов е должен да го почитува Уставот.

Македонија оди напред. Мнозинството граѓани одбра промени и гласаа за Програмата на новата Влада која ја шитит унитарноста и носи живот за сите и која ја има поддршката од домашната и меѓународната јавност.

Формирање нова Влада и спроведување на реформските приоритети е врвен државен интерес и секое постапување против државните интереси е кривично дело казниво со закон.

Апелираме до сите да постапуваат разумно и законски, за да се овозможи мирен и сигурен трансфер на власта, се вели во соопштението на СДСМ.

 

Слични содржини