Мобилните телефони се “многу реален ризик” за човековото здравје, тврди новото истражување. Радијацијата од безжичните уреди, како телефони и таблети, може да биде поврзана со голем број на ризици за здравјето – од рак до мозочни болести, како Паркинсоновата и Алцхајмеровата  заклучуваат  научниците.

мобил

Тие тврдат дека радијацијата од уредите води до “нерамнотежа” – или оксидативен стрес – на телото. Оксидативниот стрес е штетен процес, за кој се смета дека е тесно поврзан со дегенеративни болести. Новото истражување е преглед на експериментални податоци за ефектот од радиочестотни радијација врз живи клетки – поточно како мобилните телефони може да го оштети ДНК-то на човек.

Д-р Игор Јакоменко од Националната академија на науките на Украина тврди дека оксидативниот стрес може да ја  објасни врската помеѓу безжичните уреди и ракот. Долгото изложеност на радио радијација води уште до некои други нарушувања, како што се главоболка, замор, кожен исип, вели уште Јакоменко. Неговите заклучоци се базирани врз реактивни кислородни видови – хемиски реактивни молекули што содржат кислород. Тие играат важна улога во сигнализацијата на клетката и ги  контролираат внатрешните услови, како температурата. Кога нивото на реактивни кислород видови се зголемат драстично, тоа може да доведе до значително оштетување на клеточните структури – тоа е познато како оксидативен стрес. Во материјалот се објаснува дека додека реактивни кислород видови често се произведуваат во клетките што резултира со агресивна средина, тие исто така може да бидат испровоцирани “од обична безжична радијација”. “Податоците се јасен сигнал за вистинските ризици дека овој вид зрачење претставува ризик за човековото здравје”, вели Јакоменко.

Тој изјави за New York Daily News, дека употребата на мобилен телефон на само 20 минути на ден во текот на 5 години го зголемува ризикот од тумор во мозокот цели три пати.

Употребата на телефон по час на ден во текот на четири години го зголемува ризикот од тумор во мозокот меѓу три и пет пати.”Собираме  податоците од возрасните луѓе кои ги користеле своите телефони во текот на 10 години. Ситуацијата може драматично да се разликува за децата кои користат мобилни телефони уште од мали, кога биологијата им е почувствителна кон опасните фактори, и ќе го користат до крајот на животот “, објасни уште научникот пред јавноста 

Слични содржини