Нуклеарниот договор со Иран немаше да биде возможен  без помош на Русија . Ова го објави во интервју за весникот. “Њујорк тајмс”, американскиот претседател Барак Обама. На овој начин тој одговори на прашањето дали неговиот колега Владимир Путин  спречувал или потпомагал

430x330

“Ќе бидам искрен со вас. Признавајќи  ги нашите несогласувања со Русија за Украина, јас не бев уверен дека ќе добиеме поддршка.За мое чудење Путин и руските власти ги делеа овие две прашања и ние не би можеле да постигнеме договор, ако немавме поддршката на Москва во преговорите со Техеран.

Обама откри дека пред неколку недели  разговарал со Путин за ситуацијата во Сирија и можностите за доаѓањето на џихадисти на власт.

Конечен договор за ограничување на нуклеарната програма на Иран во замена за олеснување на санкциите е постигнат на преговорите во Виена.

Шесте светски сили, вклучувајќи САД, Русија, Велика Британија, Кина, Франција и Германија преговараа со години за иранската нуклеарна програма.

Друга детал од договорот е дека ограничувањето на иранската нуклеарна програма ќе се прекине по 10 години. Потоа, по 15 години, Иран ќе биде слободен да произведува колку што ќе посака збогатен ураниум.

Дипломатите во меѓувреме истакнаа дека ембаргото на ОН против Иран ќе остане во сила во рок од пет години, а санкциите на ОН за иранските ракети ќе останат во сила во текот на следните осум години.

Нуклеарното договор е производ на едни од најдолгите и најтешки преговори во модерната дипломатија. Тоа доаѓа по 18 дена на континуирани разговори во Виена.

Преговорите во Виена со американски државен секретар се најдоли досега  од 1974 година, кога Хенри Кисинџер 30 дена преговараше со Египет, Израел и Сирија по војната “Јом Кипур” во 1973 година. Во овој процес Кисинџер постојано беше меѓу Каиро, Ерусалим и Дамаск .

 

Слични содржини